Економија, финансии, бизнис

Контакт

На 152 семејства досега им се платени сметки за струја и вода: За успешноста на Ways2help - светлата точка за социјално загрозените семејства

На 152 семејства досега им се платени сметки за струја и вода: За успешноста на Ways2help - светлата точка за социјално загрозените семејства

За една успешна приказна од хуманитарен карактер која е светла точка во тунелот за социјално загрозените, во ова време на пандемија, кога огромен е растот на невработеноста, и бројот на индивидуи и семејства на кои им е потребна помош, Женски магазин разговараше со Моника Ризовска, ко-основач на платформата Ways2help и амбасадор на Women in Tech Македонија.

Приказната Ways2help, објавена на Женски магазин, започнува така што, по согледување на потребата и околностите, тим од млади луѓе сфаќа дека има начини како дигитално може да се делува здружено и да се придонесе за подобрување на ситуацијата во која се наоѓаат овие семејства и деца. Така го вложуваат слободното време и стекнатото знаење во изградба на платформа за спојување и приказ на сите начини за помош. 
Семејствата кои се дел од акцијата Ways2help #ПлатиСметка се избрани според нивните месечни примања, работоспособност на членовите во семејството како и нивната здравствена состојба при што се гледа нивната финансиска можност да ги покријат своите трошоци на месечно ниво како и дали припаѓаат во категоријата на социјално загрозени семејства.

- За нас беше навистина битно секоја донација да оди во правите раце и сето тоа да е транспарентно. Со цел да се осигураме дека оваа акција ќе биде од помош на оние на кои им е навистина најпотребна, започнавме соработка со организација која секојдневно нè известува и гарантира за веродостојноста на сите семејства на кои досега активно помогнавме со „Плати сметка“ но и со донација на храна, лаптопи, облека и училишен прибор. Благодарни сме и задоволни сме од досегашната соработка со нашите соработници - Вистински Дела на љубезност, без кои оваа акција немаше да биде волку успешна.

Донаторите, иако лично не ги знаат семејствата тие сепак се запознаени со нивната приказна, на страната Плати Сметка, до наведеното семејство е испишана и нивната приказна - кратко објаснување за нивната моментална ситуација и причината за потреба на помош. На овој начин, секој што сака да помогне може да се запознае индиректно со семејството на кое директно значајно допринесува.


Слично

Поврзани вести