Економија, финансии, бизнис

Контакт

На 15 дена пред крајниот рок – само 1.600 фирми купиле фискални каси со ГПРС уред

На 15 дена пред крајниот рок – само 1.600 фирми купиле фискални каси со ГПРС уред
Речиси 7.000 фирми го чекаат крајниот рок и последните 15 дена за да набават фискални каси со ГПРС уред. Според УЈП, законската обврска досега ја исполниле едвај 1.653 мали фирми, бензински пумпи и угостителски објекти. „До крајот на октомври фискални каси со ГПРС уред  треба да воведатвкупно  8.900 даночни обврзници чиј промет во претходната година надминува 10.000.000 денари, понатаму обврзниците кои вршат угостителска дејност и кои вршат промет на нафтени деривати на мало (бензински пумпи)“, велат од УЈП. Доколку фирмите кои се обврзани да воведат фискални каси со ГПРС уред, не го сторат тоа до крајниот рок 31.10.2014 година, ќе се соочат со парична казна и  времена мерка затворање на фирмата. Остантите фирми, кои не се дел од оваа прва група, ќе треба да ја завршат истата обврска најдоцна до 31 јануари 2015 година.
Слично

Поврзани вести