Економија, финансии, бизнис

Контакт

На 14 јуни почнуваат уписите во средните училишта, за настава со физичко присутсво ќе се дискутира во август

На 14 јуни почнуваат уписите во средните училишта, за настава со физичко присутсво ќе се дискутира во август

Уписите во средно образование ќе се реализираат преку три пријавувања во текот на следниот месец, почнувајќи од 14 јуни. Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок, поточно на 23 август, за што доставуваат доказна документација, информира Министерството за образование

Идните средношколци имаат доволно време да размислат каде ќе продолжат да се образуваат. Препораката на Министерството за образование и наука е одлуката да се носи исклучиво согласно личните убедувања и афинитети на учениците, но предвид секогаш да се имаат и информациите за тоа каков кадар е потребен во стопанството, а согласно кои, средното стручно образование обезбедува поголема веројатност за брз и успешен настап на пазарот на трудот. 

Конкурсот за учебната 2021/2022 година предвидува во 109 средни училишта вкупно 30.053 слободни ученички места во 913 паралелки, од кои 19.602 во стручно образование во 604 паралелки, 9.261 во гимназиско образование во 274 паралелки и 1.190 ученички места во 35 паралелки во уметничко образование, спортска академија, спортска гимназија и математичко – информатичка гимназија.

Фокусот е ставен на стручното образование, како образование на сегашноста и иднината.

И покрај тоа што подготовките за новата учебна година се во тек, здравствените власти ќе дискутираат во август дали наставата во септември ќе почне со физичко присуство. Засега сметаат дека е рано и покрај одличната епидемиолошка состојба во Македонија. Дел од членовите на Комисијата за заразни болести нагласуваат дека ќе ги направат сите потреби аналзи пред да донесат конечна одлука.

-Рано да говориме и за старт на новата учебна година од септември со физичко присуство на децата. За ова прашање најверојатно ќе стане збор во август на нашите состаноци, кога ќе ја разгледуваме актуелната епидемиолошка состојба, ќе направиме анализи, па дури потоа ќе се одлучува. Не смееме да дозволиме повторно избувнување на Ковид-19, изјави во петокот д-р. Виктор Исјановски, директор на Здравствен дом Скопје и член на Комисијата за заразни болести.

Слично

Поврзани вести