Економија, финансии, бизнис

Контакт

НА 13 МАРТ ПРОДОЛЖУВА СУДЕЊЕТО ЗА УБИСТВОТО НА КУЧЕТО ФЕЛИКС: Активистите ги бркаа и навредуваа обвинетите

НА 13 МАРТ ПРОДОЛЖУВА СУДЕЊЕТО ЗА УБИСТВОТО НА КУЧЕТО ФЕЛИКС: Активистите ги бркаа и навредуваа обвинетите

Обвинетите за убиство на кучето Феликс бегаа од граѓански активисти кои бараа правда.

Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски се обвинети за бруталното претепување на кучето Феликс. Кучето го претепаа во ноември лани. И покрај сите обиди за негово спасување, тоа почина по два месеци.

Љубе и Бранко се товарат за кривичното дело убивање и мачење животни. Судењето се одложи затоа што еден од обвинетите и неговата одбрана го немале примено обвинителниот предлог, ниту пак решението за одлука за предложената мерка за обезбедување присуство.

Уште за време на судењето, граѓански активисти за заштита на животните протестираа пред Кривичниот суд. 

Состојбата „зовре“ по завршувањето на рочиштето, кога двајцата обвинети излегоа од судот од споредниот влез, а активистите кои протестираа почнаа да ги бркаат, упатувајќи им погрдни зборови. Следното рочиште е закажано за 13 март.

Слично

Поврзани вести