Економија, финансии, бизнис

Контакт

На 12 фирми за продажба на пиротехника им било забрането да работат

На 12 фирми за продажба на пиротехника им било забрането да работат

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за време на денешната интерпелација во Собранието рече дека само три фирми во Македонија ги исполнуваат целосно условите за продажба на пиротехнички средства во земјата.

„Од 23 фирми, на пет им се одземени дозволите за продажба, на 12 им е изречена мерка за забрана за работа и се поднесени прекршочни пријави.,Само три фирми се без забелешки за работењето“, рече Тошковски од собраниската говорница.

Министерот пред тоа рече дека МВР нема одговорност за внесувањето на пиротехниката во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

„Секој кој планира употреба на пиротехника на јавен настан има обврска да поднесе барање до МВР , но такво барање за пиротехника не е поднесено, таа е активирана на крајот на настанот без најава. Одговорноста е исклучиво кај оние кои внеле и употребиле пиротехника, спортивно на законите“, нагласи тој.

Слично

Поврзани вести