Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЖС: Нивото на ПМ10 честички во Трубарево во рамките на дозволеното

МЖС: Нивото на ПМ10 честички во Трубарево во рамките на дозволеното

Министерството за животна средина објави дека во изминатите часа мерењата во зоната на Трубарево, каде што гореше склад со електричен отпад, нивото на концентрација ПМ10 честички е во дозволените рамки.

Резултати од мерењата:

  • Просечна концентрација: 10.9 µg/m³
  • Максимална измерена вредност: 25.6 µg/m³
  • Моментална вредност: 16.5 µg/m³

„Според добиените резултати, просечните концентрации на PM₁₀ честички се во рамките на дозволените граници и не е евидентирано надминување на граничните вредности.

Концентрациите се движат во рамките на 24-часовната гранична вредност за заштита на здравјето на луѓето, согласно Уредбата за гранични вредности за загадувачки супстанции во амбиентниот воздух („Службен весник на РМ“, бр. 183/17).

Министерството ќе продолжи со редовно информирање на јавноста и следење на состојбата со квалитетот на воздухот“,информира министерството.


Слично

Поврзани вести