МЗ вели дека бремената Веапоска била правилно третирана, таа бара да се вештачат органите кои ги загуби
Јилдиз Веапоска, пациентката која загуби матка, бубрег и јајник при неуспешно породување во нелиценцираната ординација на директорот на струшката болница, д-р Мухамед Асани, била соодвено примена и адекватно предоперативно подготвена за елективно завршување на бременоста, соопшти Министерството за здравство.
-Не се евидентирани пропусти при оперативното завршување на породувањето и во текот на постоперативно следење и менаџмент на пациентката. Лекарската екипа инволвирана во лекувањето и третманот на пациентката соодветно и навремено реагирала при првите знаци на влошување на општата здравствена состојба на пацинетката и ги искористила сите расположливи ресурси на болницата за адекватно згрижување на пацинетката во услови на живото-загрозувачка состојба, потврдија од министерството.
Лекарската комора не нашле пропуст во стручниот надзор , а увид е направен и во Скопје, но ниту таму не се утврдени пропусти.
- Од моментот на приемот до моментот на исписот таа е третирана согласно постоечките медицински норми и стандарди. Сите преземени мерки се во насока на стабилизација и подобрување на здравствената состојба на пацинетката, велат од МЗ.
Веапоска по веста, во изјава за Канал 77 вели дека е револтирана и дека не може да се смири по добиениот извештај.
. Како е можно
ЛКМ да каже дека имало или немало лекарска
пропуст без да се извештачат органите. Денес ќе
зборувам со адвокатот дали може јас лично да
одам да ги земам, за да не чекаме преку суд, изјави пациентката.
За дивата ординација која Асани ја имал дома, а за која Државниот здравствен инспекторат одлучувал, има постапка во обвинителството во Струга.
