Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЗ: Починатиот 22-годишник од Битола немал хронични заболувања

МЗ: Починатиот 22-годишник од Битола немал хронични заболувања

Министерството за здравство за случајот со починатиот 22-годишнен пациент од Битола  од Битола од Ковид-19 велат дека бил со прекумерна тежина, но немал други хронични заболувања. 

Три дена по ред се јавувал на лекар, веднаш откако добил позитивен резултат од 9-ти октомври. На преглед отишол наредниот ден, на 10-ти октомври, на инфективното одделение во битолската болница, немал знаци на пневмонија, имал температура, и му била препишана терапија за дома.

На 12-ти октомври му биле закажани контролни анализи, а истиот ден поради влошување на рендгенолошкиот наодот и лабораториски анализи, бил задржан во болница, бил ставен на кислородна поддршка и примал терапија. Состојбата нагло му се влошила и починал вчера.


Слично

Поврзани вести