Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЗ: Ниту една „Фајзер“ вакцина од Бугарија нема да биде уништена, сите ќе бидат аплицирани

МЗ: Ниту една „Фајзер“ вакцина од Бугарија нема да биде уништена, сите ќе бидат аплицирани

Министерството за здравство се огласи дека сите дози на вакцината „Фајзер“ што ќе пристигнат како донација од Бугарија ќе бидат искористени, иако рокот им истекува на 30 септември.  Станува збор за 51.480 дози кои требаше да пристигнат во јуни, но за тоа прво требаше ратификација од бугарското Народно собрание.

Министерството очекува да пристигнат до 14 септември и вели дека во наредните 16 дена ќе има време и интерес да бидат аплицирани и при тоа ниту една нема да заврши во отпад.

„Министерството за здравство информира дека согласно точните проекции за потребите за ревакцина со вакцината на „Фајзер“, како и големиот интерес за прва доза од овој производител, сите дози ќе бидат аплицирани далеку пред истекување на рокот на важност. Вакцините од производителот „Фајзер“ кои треба да пристигнат како донација од Република Бугарија, ќе бидат аплицирани за 5 до 7 дена од нивната дистрибуција на пунктовите. Согласно договорот со Република Бугарија, вакцините ќе бидат достапни на 14 септември на нашите пунктови што значи дека има повеќе од доволно време да се искористат и ниедна да не биде уништена“ информира МЗ.

Од таму додаваат дека просекот на дневно аплицирани дози е околу 10.000 вакцини и најголем процент од нив се токму од производителот „Фајзер“. 

„Оттаму граѓаните може да бидат спокојни дека сите вакцини ќе бидат безбедни и со важечки рок во моментот на вакцинирање. Министерството во оваа прилика изразува благодарност до Владата на Република Бугарија за донацијата. Апелираме граѓаните масовно да се вакцинираат како би се заштитиле од вирусот“, се вели во соопштението.

Слично

Поврзани вести