Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР заплени скоро 6.000 пиротехнички средства, уапсени три лица

МВР заплени скоро 6.000 пиротехнички средства, уапсени три лица

Министерството за внатрешни работи уапси едно лице од Радовиш и две лица од Струмица кај кои се најдени над пет илјади парчиња приотехнички средства. 

Како што соопштуваат од МВР, кај радовишанецот се пронајдени скоро пет илајди пиротехнички средства. 

- На 29.12.2022 во 14.15 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода А.Ш. (31) од  Радовиш. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени 4786 парчиња разновидни пиротехнички средства - соопштуваат од МВР. 

Од Министерството исто така дополнуваат дека во текот на вчерашниот ден исто така полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода З.М.(41) и Е.Х. (34), двајцата од  Струмица.

- При претрес во дом и други простории, сопственост на З.М., биле пронајдени 707 парчиња пиротехнички средства, а кај Е.Х. биле пронајдени 131 парче различни пиротехнички средства. Сите лица се задржани во полициска станица, известен е Јавен обвинител и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријава - се додава во соопштението на МВР.

Слично

Поврзани вести