МВР ЗАПЛЕНИ СКОРО 35 ИЛЈАДИ ЕВРА ОД ПАТНИК ВО ТУРИСТИЧКИ АВТОБУС - откриен идентитетот на уапсените
Уапсени се возач на автобус од Тетово и патник во автобусот откако полицијата пронајде непријавени 34.965 евра. Станува збор за туристички автобус кој патувал на релација Германија - Македонија, а бил управуван од жител на село Доброште. Уапсениот патник пак е од Теарце, кај кого биле пронајдени пет пликоа со евра во различни апоени.
- Денеска(24.05.2026) од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција на подрачје на СВР Тетово сопрен е автобус „мерцедес" сопственост на туристичка агенција управуван од Р.Ф.(37) од с.Доброште, тетовско кој се обраќал на релација Германија-Македонија.
При преглед на автобусот во приколката се пронајдени повеќе канти за кој лицето не поседува документи и дозволи за транспорт. Додека при извршен преглед кај еден од патниците Ф.И.(20) од Теарце, тетовско пронајдени се пет пликоа со разни апоени, со вкупна вредност од 34.965 евра кој истиот ги внел преку Граничниот премин Табановце без притоа да ги пријави и притоа не поседувал никакви документи за сопственост и потекло на парите - се посочува во објавата на МВР.
Воедно додаваат дека лицата се лишени од слобода по член 278 "криумчарење" од Кривичниот законик и член 29 од Закон за девизно работење и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Слично
