МВР ЗАПЛЕНИ НАД 4300 ПАРЧИЊА ПИРОТЕХНИКА ВО ШТИП - сопственикот е уапсен
Пронајдени над 4300 парчиња пиротехнички средства во Штип, објави Министерството за внатрешни работи, при што соопштуваат дека уапсено е едно лице, и ќе следува пријава.
- На 08.12.2025 во 20:15 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.Н.(47) од Штип. При преглед на неговата тезга на плоштад „Слобода“ во Штип, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 1340 парчиња разновидни пиротехнички средства. Подоцна, со судска наредба, извршен е и претрес во неговиот дом, при што се пронајдени уште 2993 парчиња различни пиротехнички средства - се посочува во објавата на МВР.
Притоа укажуваат дека лицето е задржано во полициска станица и за настанот е известен јавен обвинител.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик.
Слично
