МВР заедно со Комисијата за канабис запленуваше дрога во Струмица
Во две големи акции МВР вчера заплени 1,6 тона дрога во вредност од 3,2 милиони евра, од кои во едната учествувала и Комисијата за оценување на исполнетост на условите во однос на простор, опрема и кадар за добивање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели, инаку формирана од Владата.
Поради неправилности во работењето на правното лице, запленета е непријавена марихуана вредна околу 3 милиони евра, со вкупна тежина од над еден и пол тон Случајот е пријавен во Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Акциите се одвивале на две различни локации во државата, на подрачјата на СВР Струмица и на СВР Битола – ОВР Ресен.
Во првата во Струмица полициските слуќбеници заедно со единицата за недозволена трговија со дрога при Бирото за јавна безбедност работеле во содејство со членови на Комисијата за одобрение за одгледување на канабис за медицински цели.
