Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР: За време на изборниот процес приведени 19 лица

МВР: За време на изборниот процес приведени 19 лица

За време на изборниот процес вчера од 7 до 19  часот, вкупно се  приведени 19 лица, информираа од МВР. 

Од нив десет лица се приведени по основ на фотографирање на избирачко место: Д.С. (на гласачко место во ОУ “Ѓорче Петров“); С.А. (гласачко место во ОУ “26 Јули“); Џ.Д. (гласачко место во ПУ “Петар Здравковски Пенко“) и Д.Д. (гласачко место во ОУ “Ѓорѓи Димитров“), две лица во Охрид - Д.Т. (гласачко место во населба Лескоец); С.А. (гласачко место во музичкото училиште); Е.А. (на гласачко место во ОУ “Кемал Ататурк“ во Жупа), потоа Ј.С. (гласачко место во Училишната амбуланта во Куманово), Р.Ф. (гласачко место во СОУ “Никола Вапцаров“ во Струмица) и Н.Н. (на гласачко место во ОУ “Братство“ во Гостивар). Сите овие случаи се расчистени, а против лицата ќе бидат поднесени прекршочни пријави по основ на Изборниот законик (“фотографирање на избирачко ливче“).

„Приведени се и три лица (М.У., С.М. и Е.М.) во Битола (во близина на гласачко место во ОУ “Ѓорѓи Сугаре“) поради сомнение за давање поткуп при гласање. Досега, по основ на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир поднесени беа четири прекршочни пријави за три лица, еден прекршок - “карање и викање на јавно место“ и по еден прекршок “поттикнување, предизвикување и учество во тепачка“, “оддавање на пијанство“ и „непочитување наредба“ - против лицата Г.Н., Г.Т. (за настанот во Бутел), и Г.Ј.С (за настан на гласачко место во ОУ “Глигор Прличев“). По основ пак на Кривичниот закон, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела, се поднесени три кривични пријави: И.М. од с. Седларци, тетовско, за кривично дело “напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“ (чл. 383 од КЗ на РМ); З.Ш од с. Мирковци, скопско и Д.М. од Кавадарци за сторено кривично дело “злоупотреба на избирачко право“ (чл. 161 од КЗ на РМ)“ - велат од МВР. 

Министерството за внатрешни работи  презема мерки и активности за расчистување и на останатите случаи кои беа пријавени во текот на вчерашниот ден и по расчистувањето соодветно ќе ја информира јавноста. 

Слично

Поврзани вести