Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР ЗА ПРОТЕСТОТ НА НЕЗАВИСНИОТ СИНДИКАТ: Секој има право да протестира

МВР ЗА ПРОТЕСТОТ НА НЕЗАВИСНИОТ СИНДИКАТ:  Секој има право да протестира

Откако денеска протестираше Независниот синдикат на полицијата во Скопје, од Министерството за внатрешни работи(МВР), велат дека секој има право да протестира, а незадоволството не е насочено кон Министерството. 

„Од јавно достапните информации, може да се заклучи дека незадоволство што e изразено преку овој протест, не е насочено кон МВР, туку кон постапувањето на одредени судови во процесите каде полициските службеници ги остваруваат некои свои права“, додаваат од МВР. 

Тврдат дека постојано работат на унапредување на стандардот на полициските службеници, унапредување на работните услови и враќање на достоинството на полициската професија. 

„Постојано сме во разговори со сите полициски синдикати и заедно се предлагаат и прифаќаат решенија за унапредување на статусот и условите на полициските службеници. Такви идеи и предлози веќе сме имплементирале во Колективниот договор меѓу МВР и Синдикатот и полициските службеници ги користат имплементираните придобивки и подобрувања“, рекоа од МВР. 

Независниот синдикат на полицијата побара да се почитува Законот за минимална плата и основната плата во полицијата да биде најмалку колку минималната плата. Бараат и воедначување на судската пракса на целата територија на државата и спроведување на судските постапки во законски предвидените рокови.

Слично

Поврзани вести