МВР ЗА МИА: Најмалку 50 луѓе се загинати во дискотеката во Кочани
Најмалку 50 луѓе се загинати во дискотеката во Кочани во која ноќеска избувнал пожар за време на концерт, потврдија од МВР за МИА.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски веќе се наоѓа на местото на несреќата и се очекуваат првите информаци. Кон Кочани се упати и премиерот Христијан Мицкоски.
Според информациите објавени во дел од медиумите, пожарот најверојатно настанал поради употреба на пиротехнички средства. Македонија не памети ваква трагедија.
Слично
