Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР: За инцидентот во Собранието приведени осум лица

МВР: За инцидентот во Собранието приведени осум лица

Осум лица се приведени и 83 се повредени, соопштија од МВР за синоќешниот инцидент во Собранието.  

Заменик министерот за внатрешни работи, Јордан Ламановски на прес- конференција изјави дека е обезбеден видео материјалот од безбедносните камери на Собранието и дека осум лица осомничени дека учествувале во инцидентот се во полициската станица Гази Баба и со нив се разговара.

Ламановски вели дека од 83 лица кои побарале лекарска помош, 25 се вработени во МВР, 54 се цивили, 3 се пратеници и еден е новинар.

Додава дека состојбата се следи и дека сѐ уште се обезбедуваат сите витални објекти и вип личности. 

За штетите во Собранието, Ламановски соопшти дека увидот за проценка сѐ уште трае. За сите дополнителни информации околу нови приведени лица, тој посочи дека јавноста ќе биде информирана. Состојбата постојано се следи и полицијата презема конкретни мерки. 

Слично

Поврзани вести