Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР за апсењето на Тодоровиќ: Приведени се пет лица, денеска ќе бидат изведени пред судија

МВР за апсењето на Тодоровиќ: Приведени се пет лица, денеска ќе бидат изведени пред судија

МВР излезе со основна информација, по веста дека е уапсен сопственикот на „Тинекс“ и поранешен градоначалник на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, за спорна набавка на опрема за мостот „Око“ од проектот „Скопје 2014“.

Од полицијата велат дека уапсени се пет лица, но не се објавени иницијалите. Како што дознаваат медиуми, покрај Тодоровиќ, заедно со него од слобода се лишени и задржани во полициска станица Владимир Здравев, поранешниот претседател на Советот на Општина Центар, потоа Љупчо Бакев, Тодор Делјановски и Игор Секуловски

„Вчера (29.06.2023) во попладневните часови и во текот на вечерта од страна на полициски службеници од МВР - Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, по налог на ОЈО ГОКК, а со наредба на судија на претходна постапка, лишени се од слобода пет лица во врска со чл.273 ст.5 и чл.353 ст.5 од Кривичниот законик. Лицата се приведени и задржани во полициска станица и во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.“, објави МВР.

Фактор претходно објави дека синоќа е уапсен сопственкот на „Тинекс“ маркетите, Владимир Тодоровиќ.

Слично

Поврзани вести