Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР: Возачот од Сарај, загинатиот пешак од Грчец во фаталната сообраќајка во Ѓорче Петров

МВР: Возачот од Сарај, загинатиот пешак од Грчец во фаталната сообраќајка во Ѓорче Петров

МВР излезе со детали по вчерашната сообраќајна несреќа загина пешак во Ѓорче Петров кај седиштето на општината, откако во него удри возач со автомобил „ауди“.

-На 25.05.2022 околу 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Ѓорче Петров“ и ул.„Никола Пушкаров“ во Скопје, патничко возило „ауди а6“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(58) од с.Сарај, удрило во пешакот С.Р.(65) од с.Грчец, општина Сарај, соопшти МВР. 

Пешакот С.Р. починал нба самото место на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција. 


Слично

Поврзани вести