Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР: Возач тешко повредил инвалид во количка

МВР: Возач тешко повредил инвалид во количка

МВР објави дека возач удрил во повозрасно лице со инвалидска количка во Радовиш, информација објавена во полицискиот билтен.

„На 07.03.2025 година околу 10.05 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на крстосницата на булеварот „Александар Македонски“ со улицата „Чеде Филиповски Даме“ во Радовиш, патничко возило „Опел“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Ј.А.(48) од село Коџалија, радовишко, удрило во лицето В.М. (76) од Радовиш кој што управувал електрична инвалидка количка. 

Во несреќата В.М. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Радовиш“, објави МВР.

Слично

Поврзани вести