Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР во контрола на фабрики за канабис во Врапчиште, ќе се одзема лиценцата

МВР во контрола на фабрики за канабис во Врапчиште, ќе се одзема лиценцата

МВР објави дека се спроведуваат зајакнати контроли на фабрики за канабис за медицински цели на подрачјето на Гостивар и Скопје при што се констатирани бројни неправилности. Од таму додаваат дека следуваат кривични пријави и одземања на лиценците. За овој случај претходно пишуваа и медиумите.

„На 11.08.2023 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со дрога, во координација со претставници од Комисијата за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на канабис за медицински цели и во содејство со полициски службеници од ОВР Гостивар беше извршена вонредна контрола и претрес врз основа на наредба издадена од Основен суд Гостивар во правно лице во село Врапчиште, гостиварско, кое поседува одобрение за одгледување на канабис за медицински цели.

Од извршената вонредна контрола и претресот беа констатирани голем број на неправилности, односно дека во правното лице не се исполнети барањата за обезбедување и надзор, а оградата и бриновиот елемент биле оштетени“, објави МВР.


Слично

Поврзани вести