МВР во бркотница со дилери на дрога
Двајца осомничени дилери на дрога од Ресен се обиделе да пренесат цела торба со марихуана која ја фрлиле од автомобилот откако забележале полициско возило како ги следи. О.П. (32) и С.С. (30) потоа се вдале во бегство, но, набрзо се фатени. Пронајдена е и торбата со дрогата, по што двајцата биле приведени и по целосното расветлување на случајот против нив како што најавија од МВР ќе биде поднесена соодветна пријава.
Инцидентот се случил завчера кога полициска патрола на патниот правец Ресен - Битола, кај Ѓавато, го забележала автомобилот "шкода фабија" со ресенски регистарски ознаки во кој биле О.П. и С.С .
При обид на полициските службеници врз возилото и врз лицата да се изврши контрола, С.С. исфрлил една црна патна торба со три поголеми најлонски кеси со непозната растителна материја со нето-маса од околу 1.660 грама.
