МВР во акција против дивите трки со автомобили во Скопје
Во текот на последните две ноќи во Скопје, МВР спроведе поголема акција за контрола на сообраќајот, а при тоа акцент беше ставен и на спречување на ноќните диви трки со автомобили кои се огромна опасност за граѓаните и предизвикуваат немир и вознемиреност.
„Во времето од 22,00 до 01,30 часот на улица “Митрополит Теодосиј Гологанов“ од страна на Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата превземени се мерки против појавата на брзо возење и организирање на трки во доцните вечерни часови.
При преземените мерки беа исклучени 17 возила и истите биле упатени на вонреден технички преглед, а на возачите им се задржани сообраќајните дозволи до завршување на техничкиот преглед“ соопшти МВР.
Слично
