МВР: Влегла во канцеларија и нашла писмо со дојава за бомба во Тетовски суд
Министерството за внатрешни работи трага по пишувачот на писмото кое утрово 39-годишна тетовка го нашла во нејзината адвокатска канцеларија.
МВР соопшти дека случајот е пријавен околу 8 часот и 40 минути а писмото е најдено на подот.
Погореспоменатата го земала, отворила и видела дека во писмото имало лист хартија на кој рачно, со кирилично писмо, било напишано: „На 13 април ќе се бомбардира Судот во Тетово, големa количинa експлозија има внатре, доста игравте со народот, соопштение ОВК“.
За случајот е известен јавен обвинител кој што ги презел потребните мерки за преземање во случајот и по 13 часот припадници на Единицата за антитероризам на МВР извршиле комплетно пребарување на внатрешноста на објектот и просторот околуистиот, при што не се пронајдени никакви експлозивни или други средства.
Од МВР соопштија сека е извршен и комплетен увид и воСекторот за внатрешни работи Тетово работи на расветлување на сите поединости-кој, зошто и со какви мотиви го оставил писмото во адвокатската канцеларија на Н.Ј и која била целта.
Извршен е комплетен увид и Секторот за внатрешни работи Тетово работи на расветлување на сите поединости
