Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР вели дека му била дадена наредба за застанување на тротинетџијата кој влета во толпа што протестираше

МВР вели дека му била дадена наредба за застанување на тротинетџијата кој влета во толпа што протестираше

Полицијата објави дека е пронајдено и уапсено непознатото лице кое вчера во алкохолизирана состојба околу 19:00 часот со електричен тротинет влета со огромна брзина влета во толпа во Аеродром што протестираше против депонијата „Вардариште“.

Во овој инцидент немаше повредени, а возачот се обидел да избега, но откако паднал,бил сопрен од граѓаните. Од МВР денес велат дека дека тој претходно не застанал на полициска наредба, по што влетал во група луѓе што протестирале во општина Аеродром

- На 06.09.2025 во 19:10 часот во Скопје, на подрачјето на Општина Аеродром, полициски службеници го привеле К.Р.(31) од Скопје, поради тоа што го нарушил јавниот ред и мир со тоа што управувајќи тротинет, не застанал на даден знак од полициски службеници и влетал во група на луѓе, кои присуствувале на протест.

При извршен алкотест, било констатирано дека К.Р. е под дејство на алкохол, односно имал 1,53 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, објави МВР.


Слично

Поврзани вести