Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР: Утврдено е кој стои зад профилот на Фејсбук од каде што се пласирани „бомбите“

МВР: Утврдено е кој стои зад профилот на Фејсбук од каде што се пласирани „бомбите“

Утврдено е кој стои зад профилот на Фејсбук од каде што се пласирани овие содржини и за тоа е известено Обвинителството, информираа од Министерството за внатрешни работи преку соопштение. 

Во координација со јавното обвинителство се преземаат сите неопходни мерки за целосно расчистување на случајот со пласирањето на снимки од прислушувани разговори преку социјалната мрежа Фејсбук. 

„Исто така, известена е социјалната мрежа Фејсбук односно надлежните во оваа компанија се известени дека се пласирани нелегални содржини преку нивниот сервис“, информираат од МВР.

По целосното расчистување на случајот, МВР ќе поднесе кривична пријава против сторителот и за тоа соодветно ќе ја информира јавноста.

Слично

Поврзани вести