Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР УШТЕ НЕ ГО НАЈДЕ ПАНЧЕВСКИ - и денеска нема трага од екс претседателот на Кривичен суд

МВР УШТЕ НЕ ГО НАЈДЕ ПАНЧЕВСКИ - и денеска нема трага од екс претседателот на Кривичен суд

Се уште не е пронајден Владимир Панчевски, поранешен претседател на Кривичниот суд.

Ваков заклучок може да се изведе од одговорот кој денеска Фактор го доби од Министерството за внатрешни работи.

„МВР постапува по судска наредба за приведување на В.П. и кога ќе биде лоциран истиот ќе биде приведен. Се трага на повеќе локации“, соопштија кусо денеска од МВР на прашање на Фактор дали Панчевски е веќе лоциран и предаден во рацете на правдата. 

Полицијата трага по Панчевски откако по судска наредба за приведување, полицијата не го пронашла во неговиот дом, и тој не бил лоциран.

На Панчевски судот во петокот минатата недела му одреди притвор, откако девет месеци не се појавил на судењето за случајот АКМИС и местењето предмети кај подобни судии во време кога бил претседател на Кривичниот суд.

Панчевски се товари дека во периодот од јануари 2013 година до септември 2016 година влијаел врз начинот на електронската распределба на предметите, давал наредби и насоки кој предмет кај кој судија да се распредели и со тоа ја злоупотребил службата и ги пречекорил границите на своите овластувања.

Н.Н.Ф

Слично

Поврзани вести