Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР УШТЕ БЕЗ ДЕТАЛИ ЗА ФАТЕНАТА ДРОГА ОД 800.000 ЕВРА, американската амбасада потврди дека заедно работеле во вчерашната акција

МВР УШТЕ БЕЗ ДЕТАЛИ ЗА ФАТЕНАТА ДРОГА ОД 800.000 ЕВРА, американската амбасада потврди дека заедно работеле во вчерашната акција

Од Министерството за внатрешни работи се уште нема ниту соопштение, ниту одржана пресконференција, ниту, пак, најава за такво нешто, за дрогата, односно марихуаната која вчера беше фатена на Плетвар, во вредност од над 800.000 евра.

Како што е познато, во полициската акција беше уапсен командирот на полициската станица Прилеп Кире Спиркоски.

Дека е уапсен висок државен службеник претходно потврди и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Македонските органи акцијата ја спроведуваат заедно со Американската агенција за борба против наркотици – ДЕА.

Од МВР вчера за медиумите неофицијално најавија дека денеска ќе има повеќе детали за запленетата дрога. Но, барем засега, не се знае ништо повеќе за оваа голема полициска акција.

На таа тема се уште преку фејсбук не се огласил ниту министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

А Американската амбасада во Скопје потврди дека работела заедно со Министерството за внатрешни работи (МВР) и дала техничка поддршка за вчерашната акција, во која полицијата пресретна камион со марихуана во вредност од 800.000 евра, што транзитирал низ Македонија. 

„Во овој случај, како и во случајот со пасошите, работевме заедно со МВР и дадовме техничка поддршка“, велат од Американската амбасада во Скопје за САКАМДАКАЖАМ.МК. 

Од ВМРО-ДПМНЕ пак упорно прашуваат дали комбето во кое е фатена дрогата со марихуана е во сопственост на фирма на Заеви.

„Висок функционер од МВР близок до СДСМ вмешан во целиот процес, возачот на Трајче Заев, кој е прв братучед на Зоран Заев вмешан во целиот процес, а за пратката  неофицијално се говори дека е од Медикал 420, фирмата за одгледување канабис, каде исто така неофицијално фалат над 200 кг, но тоа подоцна ќе го покаже истрагата.  И клучната работа иста таква фирма во Бугарија поседуваат Трајче Заев  и Бобан Заев кои се први братучеди на Зоран Заев, така што белото комбе во кое  е запленета дрогата не може да биде случајност“, изјавија од опозицијата.

Се на се, откако вчера сите беа гласни, денеска како да се стиши бурата околу фатената дрога.

Слично

Поврзани вести