МВР упадна во две фабрики за канабис: Запленети два тони марихуана
МВР во две координирани акции заедно со полициски службеници од СВР Велес - ОВР Кавадарци и ОВР Неготино, како и со СВР Битола заплени два тони марихуана од две фабрики за производство на канабис за медицински цели.
Фабриките одгледувале растенија канабис спротивно на законот, со цел понатамошна продажба на дрогата.
Акцијата се одвивала по претходни наредби за претрес од Основен суд Кавадарци и Основен суд Битола.
Поднесени се две кривични пријави против сопствениците - албански државјани
Во кавадаречко одземена марихуана во вкупна количина од неозначен и непријавен 1 тон, 570 килограми и 135 грама, и тоа како финално обработен и необработен сув цвет од канабис, биомаса од канабис, суви листови и суви гранки од канабис Вредноста изнесувала шест милиони евра. Во битолско биле одземени 300 килограми марихуана и 494 растенија канабис.
Министерството за внатрешни работи, во координација со Јавен обвинител, презема понатамошни мерки и активности за утврдување на одговорност и на останати лица инволвирани во незаконска трговија со дрога.
