Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР упадна и заплени канабис во фабрика во Гостивар

МВР упадна и заплени канабис во фабрика во Гостивар

МВР објави дека е направен претрес во фабрика за производство на канабис за медицински цели во Гостивар, при што е запленет сув цвет и приведени се сопственикот и еден вработен поради констатирани неправилности.

По насоки од јавен обвинител од ОЈО Гостивар пронајдениот канабис (растенијата и сувиот цвет) е одземен и предаден во Агенција за управување со одземен имот, додека сопственикот А.К. и вработениот Џ.И се лишени од слобода и ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка од Основен суд Гостивар.

„На 10.04.2025, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и ОВР Гостивар, во содејство со Комисијата за оценување на исполнувањето на условите во однос на простор, опрема и кадар за добивање одобрение за одгледување на канабис за медицински цели при Министерството за здравство, по претходно добиена наредба од Основен суд Гостивар, извршија претрес и вонредна контрола во правно лице кое поседува одобрение за одгледување на канабис за медицински цели, сопственост на А.К.(52) од Република Албанија и А.Р. од Босна и Херцеговина.

Претресот и контролата во објектот биле извршени во присуство на едниот сопственик и управител А.К. и вработениот Џ.И.(39) од Република Словенија, со постојано живеалиште во с.Горно Седларце, тетовско и притоа биле утврдени низа неправилности во однос на процесот на одгледување на растението канабис, што е спротивно на Законот за контрола на опојни дроги, поради што постои сомнение дека производството на канабис било наменето за нелегалниот пазар“, објави МВР.

Утврдено било дека во две хали се врши сушење на канабис, при што во една од халите се пронајдени девет пластични буриња исполнети со готов производ - сув цвет од канабис, за кои правното лице не поседувало никаква документација.

Слично

Поврзани вести