Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР УАПСИ НАВИВАЧИ НА РАКОМЕТНИОТ НАТПРЕВАР ВО БИТОЛА - имале пиротехнички средства

МВР УАПСИ НАВИВАЧИ НА РАКОМЕТНИОТ НАТПРЕВАР ВО БИТОЛА - имале пиротехнички средства

Во текот на вчерашниот натпревар меѓу Вардар 1961 и Пелистер полициски службеници одзеле пиротехнички средства од навивачи кои пристигнале да го гледаат ракометниот натпревар во Битола. Станува збор за две лица од Битола на 23 и 26-годишна возраст.

- МВР информира дека за време на синоќешниот ракометен натпревар помеѓу екипите на РК „Вардар 1961“ од Скопје и РК „Пелистер“ од Битола во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје полициски службеници ги лишиле од слобода П.Д.(26) и Д.А.(23), двајцата од Битола, зашто кај нив биле пронајдени и одземени пиротехнички средства - се посочува во соопштението на МВР.

Според МВР, против двајцата се поднесени поднесоци по Законот за спречување насилството и недостојното однесување на спортските натпревари.

Фото: Принтскрин/МИА

Слично

Поврзани вести