Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР: Уапсено лице за дупење гуми

МВР: Уапсено лице за дупење гуми

МВР објави дека во раните утрински часови уапсен е кумановец кој неколкукратно му ги дупел гумите на возилото на свој сограѓанин.

- На 31.12.2025 во 04:00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.С.(25) од Куманово. Тој бил фатен веднаш откако заедно со уште едно лице на паркинг простор пред зграда на ул.„Лесковачка“ со остар предмет оштетиле гуми на патничко возило „фолксваген пасат“, сопственост на К.М.(46) од Куманово. 

Според пријавеното, тие повеќе пати оштетувале гуми на истото возило. По целосно расчистување и документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна пријава. информира полицијата.


Слично

Поврзани вести