Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР тврди дека ОЈО не ги информирало за синоќешната акција во домот на Величковиќ

МВР тврди дека ОЈО не ги информирало за синоќешната акција во домот на Величковиќ

Министерството за внатрешни работи на РМ  ја информира јавноста  дека акцијата во која е извршен претрес на домот на началникот на СВР Куманово С.В.  се одвивала по наредба на судија во претходна постапка и е организирана и спроведена од страна на  Основното јавно обвинителство  за гонење на организиран криминал и корупција  во рамките на предистражната постапка, без информирање и планирање од страна  на Министерството за внатрешни работи.

 Министерството за внатрешни работи укажува  дека сите вработени во овој државен орган, треба да го задржат нивото на максимално професионално постапување и однесување со цел да се избегнат  ситуации кои може да предизвикуваат дополнителни тензии и да наштетат на  на угледот на министерството. 

Слично

Поврзани вести