МВР: Трите уапсени лица на вчерашниот протест се од Скопје
МВР во денешниот билтен извести дека три лица од Скопје се уапсени по вчерашната тепачка помеѓу учесници на протестот за полагање на правосуден испит на албански јазик пред Министерството за правда.
„На 18.05.2025 околу 18:00 часот на ул.„Димитрие Чуповски“, пред започнување на протест пред Министерството за правда, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа Б.Џ.(28), Р.А.(27) и С.Д.(22), сите од Скопје, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На вчерашниот протест во Скопје, каде албански студенти бараа право да полагаат правосуден испит на албански јазик, дојде до инцидент меѓу учесниците. Според објавените снимки, едно момче било нападнато од група од пет-шест други лица.
