Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР: Тетовец украл струја од 44.274 денари

МВР: Тетовец украл струја од 44.274 денари

МВР во поладневниот билтен објави дека е поднесена кривична пријава за тетовчанец од Пирок поради кражба на струја од компанија-продавач.

СВР Тетово информира дека станува збор за И.M.(54) кој се терети за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија“. 

„На 09.10.2023, при увид во куќата на пријавениот, било констатирано дека во периодот од 09.11.2022 до 09.10.2023 тој преземал електрична енергија и предизвикал материјална штета од 44.274 денари на компанијата која продава електрична енергија“, објавено е во билтенот.


Слично

Поврзани вести