МВР тешко дека ќе извлече нешто од „Тик-Ток“ за убиството на Оки
Вчерашното убиство на Халкидики на Орхан Бајрами-Оки било најавено на платформата „Тик – Ток“ еден ден претходно. Пречкртан е ликот на Оки по убиството, а профилот е деактивиран
Профилот од кој била најавена ликвидацијата повеќе не е достапен. На истиот профил наводно повеќе од една година биле најавувани и други ликвидации, објави порталот 4NEWS.mk.
На објавата во сличајот со Оки пишувало дека тој е следен на листата за ликвидација, а потоа и дека работата е завршена. Засега не е познато кој стои зад профилот и дали тој има директна поврзаност со убиството во Ханиоти.
Од МВР велат дека воспоставувањето на комуникација со мрежата „Тик - Ток“ не е едноставна за да се извлечат информации за тоа кој би можел да го отвори профилот.„Централата на Тик Ток се наоѓа во Сингапур, а комуникацијата оди преку меѓународна правна помош што треба да ја покрене Јавното обвинителство со барање кај Министерство за правда“, велат од МВР за вестите на Канал 5.
