МВР СПРОВЕДУВА ГОЛЕМА АКЦИЈА ВО СТРУГА - Голем број полицајци низ улиците, веќе има уапсени
Медиумите јавуваат дека во земајва е во тек голема полициска акција, која од утрово се спроведува низ Струга.
Информацијата веќе ја потврдија од МВР, но засега не соопштуваат за што точно станува збор, и повеќе детали најавија за текот на денот.
Како што се дознава од терен, низ струшките улици забележително е големо присуство на припадници на специјалните единици на полицијата.
Она што засега се пренесува е дека веќе се уапсени 20-тина криминалци.
Сепак, точни информации ќе пренесеме во текот на денот.
Неофицијално се шпекулира дека се апсат лица поврзани со трговија со дрога и оружје.
Наводно на терен се припадници на специјалната единица „Тигри“,
Слично
