МВР сомничи малолетници за грабежот во Лешочкиот манастир
За грабежот во манастирскиот комплекс во Лешок од страна на МВР се осомничени четворица малолетници кои украле околу 1000 евра и вредни предмети.
Случајот бил пријавен вчера околу 11 часот од страна на М.М.(35) вработен во манастрискиот комплекс при што било утврдено дека во периодот од 16 до 22 април тогаш непознати сторители влегле во црквата „Свети Атанасиј“ и од фиоки во пангарот и иконите одзеле поголема сума пари како и големиот клуч од старата црква „Света Богородица“ каде на неколкупати во периодот од 17 до 22 април било влегувано и исто така одземано пари од фиоките на пангарот и иконите.
Полицијата извршила увид при што било утврдено дека вкупната сума на одземени пари е околу 60 илади денари. Истиот ден околу 14 часот во манастирската црква „Свети Атанасиј“ биле затекнати двајца малолетници од селото Непроштено, едниот на 15, а вториот на нецели 16 години како одземаат пари оставени од верниците по што вработените ги пријавиле во полиција.
- Двјацата малолетници во присуство на нивните родители биле приведени и по разговорите со нив биле пуштени. Тетовската полиција располага со сознанија дека во кражбите на парите од манастирските цркви во Лешок учествувале уште две лица од Тетовско, а од страна на член на семјството од едниот осомничен пронајден е и стариот клуч од црквата „Света Богородица“ што е вратен во манастирскиот комплекс. Дел од одземените пари се пронајдени, а другите две лица ќе бидат повикани на разговор во полицијата за целосно рсчистување на случајот - рече Јосифовски
