Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР со засилени контроли низ угостителските објекти - музичари од БИХ настапувале без работна дозвола

МВР со засилени контроли низ угостителските објекти - музичари од БИХ настапувале без работна дозвола

Министерството за внатрешни работи соопшти дека по спроведени контроли откриле музичари од Босна и Херцеговина кои настапувале во објект во Кичево без соодветна работна дозвола. 
Поради тоа, музичарите се соочуваат со прекршочна казна, и веќе е поднесена пријава против нив. 
- На 29/30.11.2025 од страна на ОВР Кичево и РЦГР Запад, во координација со Државен пазарен инспекторат и Државен трудов инспекторат, врз база на претходно изготвен план, е спроведена засилена акциска контрола во угостителски објекти во Кичево. 
При тоа, при контрола на угостителски објект лоциран на магистралниот пат Кичево-Охрид, затекнати се Џ.Р.(23), како пејачка и К.Џ.(27), Е.П.(25), Ф.Ј. (28) и И.К. (24), како членови на музички бенд, сите од Босна и Херцеговина, кои вршеле работа без претходно обезбедување на соодветна работна дозвола, со што сториле прекршок по член.23 став.3 од Законот за странци („Службен весник на РМ.„ Бр. 97/2018 и 108/2019), казнив според член 217, став 1, точка 2, од истиот закон, за што им е поднесена прекршочна пријава до Основен суд Кичево - се наведува во соопштението на МВР. 


Слично

Поврзани вести