МВР со претреси на над десет локации во Арачиново и Свети Николе, уапсен полициски инспектор
Еден од уапсените во утринската полициска акција бил полициски инспектор, а МВР документирало 20 препродажби на хероин, оружје и муниција, гласат последните детали откако министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски претпладнето објави дека се приведени повеќе лица од Арачиново.
Приведени се вкупно девет лица, од кои еден е жител на Свети Николе, додека акцијата трела повеќе од половина година под водство на обвинителството и одделот за организиран криминал при МВР.
Еден од осомничените бил приведен пред повеќе од месец дена, а извршени се претреси во над десет објекти во атарот на село Алачиното и во Свети Николе.
Слично
