Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР со повеќе детали за пукањето во продавачка во Чаир

МВР со повеќе детали за пукањето во продавачка во Чаир

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 14 часот и 38 минути пријавено е дека во маркет  на улица „Кемал Сејфула“ е пукано со огнено оружје кон вработената 26- годишната Г.А.

Во неа пукал Ш.А. , по што се дал во бегство.

-Повредената со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Ургентен центар  каде и е констатирана прострелна рана во десната нога. На лице место пронајдено е едно зрно од проектил, информираат од МВР.

Увид извршила екипа од СВР-Скопје. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.

Причината за вооружениот напад врз продавачката најверојатно не е за обид за кражба на маркетот, туку е од лични мотиви кај момчето кое пукаше со пиштол, за што има и видео снимка. 

Слично

Поврзани вести