МВР со кривична пријава за Тодор Петров: Организирал протест за „уставобранителите“ за време на пандемија
МВР му поднесе кривична пријава на Тодор Петров, претседателот на Светскиот македонски конгрес, затоа што го организирал неделниот протест за „поддршка на уставобранителите“ во време на пандемија.
Станува збор за кривична пријава поради непочитување на мерките за заштита на населението од заразни болести
„СВР Скопје денеска (27.04.2021) до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава по чл. 206 од КЗ против Т.П. (61) од Гевгелија, бидејки на 25.04.2021 организирал протест пред објектите на Влада и Собрание на РСМ и не се почитувани мерките за заштита на населението од заразни болести“, објави полицијата.
Слично
