МВР со кривична пријава за градоначалникот на Охрид затоа што не бил во изолација
МВ на градоначалникот на Охрид Пецаков и на шефот на неговиот кабинет им поднесе кривична пријава за непочитување на здравствени прописи во време на епидемија, соопшти полицијата.
- Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, СВР Охрид до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против К.П.(37) и А.К.(37), двајцата од Охрид. Пријавените, на 19.01.2022 година се тестирале за дијагностицирање на Корона вирус и, наместо во самоизолација, согласно одлуките за превентивни препораки за заштита на здравјето на населението од заразната болест, истиот ден, присуствувале на јавната верска манифестација по повод верскиот празник „Богојавление- Водици 2022 година“ одржана во Охрид, соопштија од МВР.
Пецаков објави дека се тестирал заради патување во странстви и немал симптом, пред да присуствува на манифестацијата. Иринка Сотирова Бухова, директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, пак рече дека законски мора да се седи во изолација до добивање на резултатот.
