Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР со кривична за градоначалникот на Делчево - и нанел штета на општината со вработување на лице кое требало да оди во пензија

МВР со кривична за градоначалникот на Делчево - и нанел штета на општината со вработување на лице кое требало да оди во пензија

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е поднесена кривична пријава против градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски (54), поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување. Според пријавата, Трајковски во 2018 година донел незаконска одлука за вработување на кандидат кој веќе ги исполнувал условите за пензионирање, со што му овозможил противправна имотна корист.

- Пријавениот Г.Т. како овластено службено лице градоначалник на Општина Делчево на 01.08.2018 по јавен оглас од 25.06.2018 за вработување на административен службеник, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување со пречекорување на границите на службената должност донел незаконска одлука за избор на кандидатот В.М. од Делчево.  

Кандидатот уште во првата фаза од постапката за вработување, како и во моментот на донесување на решението за стекнување на статус на административен службеник ги исполнувал законските услови да се стекне со право на пензиско и инвалидско осигурување со навршени 64 години старост, што претставува основа за престанок на работен однос на административен службеник, а не основа за вработување согласно член 98 став 1 алинеа 3, а во врска со член 98 став 5 алинеја 9 и 10 од Законот за административни службеници - стои во соопштението од МВР.

Со незаконското вработување пријавениот градоначалник му овозможил на В.М. да се стекне со противправна имотна корист од 505.561 денари на име плата и да нанесе штета на Општина Делчево во износ од 762.318 денари по основ на исплатени придонеси и плата.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести