МВР со кривична пријава за директорот кој во Кичево истакна информативна табла со „Република Албанија“
Министерството за внатрешни работи објави дека против директорот на Центарот за култура во Кичево, Мазлам Османи,е поднесена кривична пријава откако во јавноста беше обелоденет случајот дека во оваа установа поставена е информативна табла со назив „Република Албанија“.
Функционерот е под сомнение за сторено кривично дело „повреда на угледот на Република Северна Македонија“.
На 25 март 44-годишниот директор на Центарот за култура „Кочо Рацин“, дозволил во просториите на библиотеката да се постави табла каде се истакнати име и грб на странска држава со натпис на албански јазик.
Во овој случај воопшто не биле истакнати името, грбот или знамето на Република Северна Македонија, како ни обележја на општина Кичево или на Министерство за култура.
