Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР СО КРИВИЧНА ДО ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ДЕЛЧЕВО, ТРАЈКОВСКИ - го теретат за фаворизирање на правно лице

МВР СО КРИВИЧНА ДО ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ДЕЛЧЕВО, ТРАЈКОВСКИ - го теретат за фаворизирање на правно лице

Министерството за внатрешни работи објави дека е покренеата кривична пријава против поранешен градоначалник на Делчево за „злоупотреба на службената положба и овластување“. 

Станува збор за градоначалникот Горан Трајковски, кој оваа должност ја извршувал во период од 2017 година, но бил повторно избран и во 2021 година, со до ланските избори, кога на негово место доаѓа Иван Гоцевски.

- Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Г.Т.(54) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. 
Пријавениот, како градоначалник на општина Делчево, во 2023 и во 2024 година склучил два договори за јавни набавки со економскиот оператор од Кочани, во вредност од по 236.000 денари и двата со важност од една година, во кои за седум производи била понудена нереално ниска цена, односно за 12 пати пониска од другите понудувачи. 
Пријавениот не побарал дополнително појаснување за таквите невообичаено ниски цени и наместо тоа, ги пречекорил границите на службената должност, го фаворизирал и му овозможил на правното лице да ги добие и двата договори за јавна набавка на стоки за потребите на општина Делчево. На тој начин овозможил на правното лице од Кочани да се стекне со имотна корист - се посочува во објавата на МВР.



Слично

Поврзани вести