Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР со голема акција во Скопје во лов на пијани возачи

МВР со голема акција во Скопје во лов на пијани возачи

МВР вчера вечерта спроведе голема сообраќајна акција за „лов“ на возачи кои се во алкхолозирана состојба, при што извршена е контрола над 1.234 возачи, од кои дури кај 248 возачи е утврдено присуства на алкохол над дозволеното. Акцијата е спроведена од 23 часот вчера до 5 часот утрово. 

-726 возачи се алкотестирани и кај 248 од нив е утврдено присуство на алкохол над дозволеното. Констатирани се и други 252 прекршоци – рече Тони Ангеловски, портпаролот на МВР

Тој најви дека Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со вакви акции и во наредниот период, особено на територијата на Скопје.

– Набавени се нови 80 дрегери за проверка на алкохол кај возачите. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот на патиштата – рече Ангеловски.


Слично

Поврзани вести