Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР со дисциплински мерки за четворица полициски службеници по постапките во саботниот протест

МВР со дисциплински мерки за четворица полициски службеници по постапките во саботниот протест

По наредба на министерот Оливер Спасовски, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди изврши проверки за настанот во саботата при протестот по повод презентацијата на воена, медицинска и техничка oпрема во Скопје, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

“Утврдено е дека од страна на четворица полициски службеници врз четири лица неосновано била употребена физичка сила, а над тројца од нив без основа е употребено средство за присилба- врзување со лисици. Против полициските службеници кои што ги пречекориле службените овластувања и постапиле спротивно на член 83 и 85 од Законот за полиција ќе бидат преземени дисциплински мерки согласно Колективниот договор на МВР и ќе биде известено надлежното јавно обвинителство во Скопје“, рече Ангеловски.

Слично

Поврзани вести