МВР СО ДЕТАЛИ ЗА НЕСРЕЌАТА НА ПАТОТ КУМАНОВО - СВЕТИ НИКОЛЕ: две жени се тешко повредени, уште осум други хоспитализирани
Две жителки на Свети Николе се меѓу потешко повредените патници во сообраќајната несреќа која се случила вчера на патот Куманово - Свети Николе, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Станува збор за Л.П. (53) и М.М. (33) кои добиле тешки повреди во несреќата, додека останатите осум патници добиле полесни повреди.
- Нa 19.06.2026 околу 20:55 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на регионалниот пат Куманово - Свети Николе, Овче Поле е случена сообраќајна несреќа помеѓу патничко комбе „фолксваген“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(55) од Свети Николе и паркирано товарно возило „ман“ со светиниколски регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките од патничкото комбе Л.П.(53) и М.М.(33) двете од Свети Николе, додека со телесни повреди останатите осум патници, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кочани - соопштуваат од МВР.
Тешка сообраќајна незгода што се случила вчеравечер кога се судриле комбе и камион.
Фото: Мнет
