Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР со детали за сообраќајната незгода во која погинаа три жени

МВР со детали за сообраќајната незгода во која погинаа три жени

По првичните информации за трагичната сообраќајна незгода на автопатот Штип- Свети Николе, во која загинаа три лица, се огласи и Министерството за внатрешни работи. 

- Денеска (02.06.2023) околу 12.30 часот на автопатот Штип-Миладиновци, недалеку од место викано „Криви Дол“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота лендкрузер“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Д.С.(29) од Кочани и „шевролет калос“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(44) од Скопје.

На местото на несреќата починалe В.З.(62) од Кочании малолетна сопатничка од возилото „шевролет“, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош - соопштуваат од МВР. 

Од таму додаваат дека двајцата возачи на возилата кои се судриле, како и Д.Х.(34), сопатник во возилото „тојота“, потоа С.М.(37) и уште еден малолетен сопатник од возилото „шевролет“ биле пренесени за укажување на лекарска помош во Клиничка болница Штип, каде што и С.М. им подлегнала на повредите. 

Увид изврши увидна екипа од СВР Штип. 

Слично

Поврзани вести